Покрај Бруно Фернандеш, Јунајтед ќе се засили со уште еден фудбалер во јануари

ole-cesa

Манчестер Јунајтед подготвува понуда која не се одбива за услугите на младиот фудбалер на Бирмингем, Џуџ Белингем.

Станува збор за 16 годишен фудбалер кој веќе има 23 настапи во дресот на Бирмингем оваа сезона во Чемпионшип лигата.

Белингем импресионира многумина со своите настапи, а „Дејли Рекорд“ пишува дека Манчестер Јунајтед веднаш штом го комплетира трансферот на Бруно Фернандеш ќе испрати понуда од 25 милиони фунти за младиот фудбалер.

Facebook Коментари