Поврзете се со нас

Англија

Покетино за планот за капитенот: Мораме да бидеме внимателни со него…

Објавено

на

Челси го потврди статусот на фаворит и славеше над Блекбурн Роверс во осминафиналето на англискиот Лига Куп, односно со ова закача четвртфинална пресметка со Њукасл.

Ова беше средба во која „сините“ дадоа по еден гол во двете полувремиња, средба во која тренерот Маурисио Покетино му даде 60 минути на капитенот Рис Џејмс.

Покетино нема намера да ризикува со дефанзивецот по паузата која ја имаше поради повреда, односно го откри планот кога е во прашање англискиот репрезентативец.

-Планот беше да се провери како се чувствува на полувреме, а по 15 минути тој почна да се чувствува уморен, ние го проверувавме во второто полувреме, треба да внимаваме како се справуваме со него.

-Решивме да ја направиме промената затоа што мислам дека сега е важна, напредокот и да се внимава да не се вратите назад, понекогаш играте 90 минути и можеби ризикувате, но треба да го избегнеме ова. Вистина е дека не можеме 100 отсто да го избегнеме ризикот, но планот е да одиме малку по малку, -рече Покетино.

Џејмс се врати на терените против Арсенал каде одигра 7 минути, потоа против Брентфорд беше активен 24 за да сега одигра еден час.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни