Поврзете се со нас

Франција

Покетино за Мбапе: Веќе е меѓу најдобрите, може да ги наследи Меси и Роналдо

Објавено

на

Предводникот на францускиот прволигаш Пари Сен Жермен, Маурисио Покетино смета дека Килијан Мбапе го има потребниот потенцијал, квалитет и знаење за да ги замени на врвот на фудбалот Лионел Меси и Кристијано Роналдо, двајцата асови кои ја одбележаа најновата ера во овој спорт.

Мбапе преку Монако до ПСЖ и секако француската репрезентација покажа што знае и умее, да дава голови, асистира, биде клучен играч во освојување на титули, успеси кои ги направи во изминатиов период, а сега има само 22 години.

-Има потенцијал, -одговори Покетино на прашањето дали Мбапе може да ги наследи Меси и Роналдо на врвот на овој спорт.

-Ништо не му фали освен време. Не можеме да го забрзаме процесот. Мислам дека тој е веќе меѓу најдобрите во светот. Ќе му треба време да го изгради своето Си-Ви, да го добие признанието што го заслужува и ќе го добие, -порача аргентинскиот стратег.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни