Поврзете се со нас

Англија

Покетино за Лампард, Тери и Дрогба и овој тим на Челси: Не е фер, не можеме да се споредуваме со минатото…

Објавено

на

Челси имаше многу успеси во овој 21 век и тоа откако клубот го презема Роман Абрамович, фантастични екипи, играчи кои донесоа титули во сите натпреварувања и испишаа историја.

Сега „сините“ имаат нов проект под водство на Тод Боли, многу пари се трошат, ама засега ништо не навестува дека клубот од Лондон може да биде супер успешен, да одбележи една ера. Од оваа сезона на тренерската позиција е Маурисио Покетино кој смета дека не е фер да се прават компарации, споредби со минатото.

-Тие беа (некогаш) млади, Тери беше млад, Лампард беше млад, Дрогба беше млад. Знаете подобро можеби од мене, тоа е сосема поинаков притисок. Ова е поинаков Челси од она што го гледав кога бев во Тотенхем или Саутемптон. Полош или подобар? Не го велам тоа.

-Ова е друг притисок. Различни околности. Сега не можеме да се споредуваме со минатото. Мислам дека не е фер. Тоа е поинаков Челси. Она што сакам да го преведам е дека навивачите сакаат да победуваат затоа што вообичаениот начин во минатото за Челси е да победува.

-(Имаме) многу талентирани играчи на кои им треба време за настап. Ама сигурно имаме еден од најдобрите тимови на млади играчи со проектот. Но, секако ни треба време. Треба да бидеме внимателни за тоа како се развиваме и како ги развиваме овие идеи. Но, тоа е вистина, играчи кои треба да се подобрат и да се подобрат, -порача Аргентинецот.

Челси овој викен има соочување со Борнмут.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни