Поврзете се со нас

Франција

Покетино за иднината на Мбапе во ПСЖ: Јас сум оптимист…

Објавено

на

Килијан Мбапе заедно со Ерлинг Халанд се двајцата млади играчи за кои најмногу се зборува во светот на фудбалот, а една од причините за тоа е неизвесноста околу иднината и дали ќе ги променат сегашните средини.

Мбапе веќе неколку години е дел од ПСЖ, клуб со кој ги освои сите титули и стана вицепрвак на Европа и сега треба да одлучи кој чекор ќе го направи со оглед на тоа што актуелниот договор му завршува во 2022 година.

Најзагреан за него е Реал Мадрид, ама и „светците“ прават се што можат за да го задржат во своите редови. Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино уште една кратко проговори на оваа тема и тој е оптимист дека Килијан ќе остане во француската престолнина.

-Јас сум оптимист, се надевам дека најдобрите играчи во клубот, во случајов Мбапе овде ќе остане, -порача Аргентинецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни