Поврзете се со нас

Франција

Покетино за иднината на Икарди во ПСЖ: Се надевам…

Објавено

на

Тренерот на францускиот вицешампион ПСЖ, Маурусио Покетино проговори за статусот, иднината на напаѓачот Мауро Икарди.

Аргентинецот ја нема посакуваната минутажа во таборот на „светците“ и во втор, трет план со оглед на големата конкуренција, па дел од медиумите пишуваат дека може да ја промени средината на почетокот на 2022 година.

Се споменува негово враќање во Италија и тоа во редовите на поранешниот шампион Јувентус.

-„Не е вистинскиот момент да се зборува за трансфери, мора да се фокусираме на најдобар начин да ја завршиме годината. Сепак ние сме среќни со него и се надеваме дека ќе остане со нас, -рече Покетино.

Мауро сезонава има забележано 18 настапи и постигнато 3 голови во сите конкуренции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни