Поврзете се со нас

Франција

Покетино во ПСЖ носи големо засилување од нападот

Објавено

на

Маурисио Покетино во таборот на ПСЖ дефинитивно ќе има „дебел“ буџет за засилувања во летниот преоден рок.

Уште на првиот натпревар под негово водство се виде дека на францускиот тим му е потребен драстичен ремонт, па токму затоа од управата ќе му дозволат да прави трансфери кои ќе го подобрат квалитетот на тимот.

Јасно е дека Лионел Меси е прв избор за челниците на ПСЖ, но во трката за неговиот потпис парижаните ќе се соочат со неколку големи ривали меѓу кои ќе биде и Манчестер Сити.

Доколку не го обезбедат потписот на Меси, од ПСЖ со сигурност ќе тргнат по уште едно звучно име, а тоа е Серхио Агуеро од Манчестер Сити.

Агуеро ќе биде слободен агент и ќе може да ја менува средината затоа што во моментов ја игра последната година од актуелниот договор со Манчестер Сити.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни