Поврзете се со нас

Англија

Покетино тврди дека правилата важат за сите: Го казнив Џексон, сега ќе се казнам и сам себе

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Челси денеска ќе игра дерби натпревар против Њукасл на „Ст. Џејмс парк“ и ќе се обиде да ја продолжи добрата форма која ја имаше пред почетокот на репрезентативната пауза, кога тимот од Лондон остана непоразен на две дерби средби.

„Сините“ го победија Тотенхем во импресивен натпревар и потоа одиграа 4:4 против Манчестер Сити во една од најлудите дерби пресметки, но по крајот на истата, Маурисио Покетино доби опомена од Ентони Тејлор.

Аргентинецот нервозно тргна кон главниот судија за да бара објаснување за нелогичниот прекин на последната акција, а бидејќи заработи жолт картон, сега нема да биде на клупата на денешниот меч со Њукасл.

Од оваа година, тренерите во Премиер лигата добиваат суспензија по три добиени жолти картони, па Покетино вели дека сега ќе се казни самиот себеси за тоа што го оставил тимот на цедило.

Претходно проблем со дисциплината имаше напаѓачот Џексон, а ако во неговиот случај Покетино решаваше се дополнителни тренинг сесии во вид на казна, себеси ќе се казни по џебот.

– Џексон мораше да има дополнителни тренинзи и да трча за казната која му ја доделив, а јас ќе платам такашто ќе го однесам цел тим на вечера. Јас не можам да трчам, затоа ќе платам вечера за сите, – изјави Покетино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни