Поврзете се со нас

Франција

Покетино стигна до својот втор трофеј како тренер: ПСЖ го освои Купот на Франција (Видео)

Објавено

на

Екипата на ПСЖ стигна до трофејот во Купот на Франција откако во финалниот натпревар со 2:0 го совладаа тимот на Монако.

Додека ја чекаат разврската во Лига 1, парижаните го одиграа финалниот натпревар од купот и сосема заслужено славеа против Монако.

Стрелци на головите за тимот од главниот град на Франција беа Мауро Икарди и Килијан Мбапе кои по еднаш во двете полувремиња ја тресеа мрежата на  Мајецки.

Интересно по овој натпревар е тоа што ова беше вториот трофеј на Маурисио Покетино во својата тренерска кариера, бидејќи првиот го освои во првиот француски Куп веднаш по пристигнувањето во клубот. Претходно аргентинскиот стратег ги предводеше Еспањол, Тотенхем и Саутемптон каде не успеа да се закити со некое одличје.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни