Поврзете се со нас

Свет

Покетино со прва изјава по најавите дека ќе го преземе Манчестер Јунајтед

Објавено

на

Маурисио Покетино според најугледните мдиуми е фаворит за преземање на тренерската позиција во Манчестер Јунајтед.

Наводно и Аргентинецот бил подготвен да ја прифати понудата на „ѓаволите“ кои се во потрага по постојан наслендик на Оле Гунар Солскјер кој пред два дена и официјално доби отказ од тренерската позиција.

Покетино конечно беше запрашан од медиумите да одговори на шпекулациите кои го поврзуваат со клупата на „ѓаволите“, на што стратегот одговори дека е среќен во Париз.

– Среќен сум во Париз, го знам градот многу добро, тука бев и како играч и како тренер. Секогаш сум живеел во вакви ситуации.

– Вакви работи се случуваат и тоа не е моја одговорност. Она што ќе го одговорам ако повторно ме прашате вакво прашање е тоа дека сум среќен во Париз, -кратко изјави Покетино, меѓу редови потврдувајќи дека нема да притиска за премин на „Олд Трафорд“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни