Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Покетино со поддршка за Меси: Зборуваме за најдобриот светски фудбалер, но…

Објавено

на

Аргентинскиот фудбалер, Лионел Меси ги надмина проблемите со повредата и се очекува да биде во тимот на ПСЖ за средбата со Манчестер Сити кој ќе се игра во вторник.

Меси поради повреда ги пропушти последните два натпревари на ПСЖ, а сега треба да биде подготвен, но се уште не е потврдено дали ќе биде во тимот од првата минута или шанса ќе чека  од клупата за резерви.

Одговор на ова прашање немаше ни тренерот на „светците“, Маурисио Покетино кој истакна дека ќе биде потребно време за Меси да се адаптира и да почне да игра на врвно ниво во ПСЖ.

– Почетните 11 ќе ги знаеме на денот на натпреварот, но мислам дека Меси ќе биде во тимот. Зборуваме за најдобриот фудбалер на светот, но мора да разберете дека му е потребно време да се прилагоди.

– 20 години беше во Барселона, секако дека таму се чувствуваше како дома, тука се му е ново. Знам дека ќе успее и сигурен сум дека ќе оствари големи работи со овој тим, -изјави Покетино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни