Поврзете се со нас

Свет

Покетино: Со Меси си разменивме само два збора на „Камп Ноу“

Објавено

на

Килијан Мбапе се уште е топ тема во француската и каталонската јавност по фудбалскиот спектакл кој го понуди на „Камп Ноу“, претстава поради кога сега „Радио Каталуња“ направи блиц интервју со тренерот кој од неодамна соработува со најталентираниот француски фудбалер.

Маурисио Покетино како тренер на ПСЖ пред два дена се израдува на голема победа од 1:4 против неговиот најомразен ривал од играчката кариера (беше член на Еспањол), а бидејќи навистина многу посакува да соработува со Мбапе и во иднина, не криеше дека се надева на посакувано сценарио за „светците“.

Мбапе засега ги одложува преговорите и се двоуми дали да остане во ПСЖ, или да побара нов предизвик во кариерата, но од друга страна пак, ПСЖ работи и на ангажман на Лионел Меси кој по крајот на оваа сезона станува слободен агент.

– ПСЖ може да му ги обезбеди сите потребни алатки на Мбапе за да биде среќен и да биде успешен. Темата околу иднината на Мбапе брзо ќе се разјасни, имам такво претчувство, – изјави Покетино, кој во продолжение се осврна на Меси.

– Со Меси си разменивме само два збора, си рековме здраво и потоа чао. Не зборувавме ништо за фудбал, не зборувавме за неговата иднина, – открива тренерот на ПСЖ кој не крие дека сака да го има Меси во својот тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни