Поврзете се со нас

Свет

Покетино: Сите тимови кои играа против Реал треба да одат на психолог!

Објавено

на

Маурисио Покетино жали што газдите на ПСЖ немаат трпение како оние на Манчестер Сити и тоа го нагласи во интервјуто за „Инфобае“, во кое даде и една легендарна изјава поврзана за магијата која го краси Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

„Кралевите“ направија три чудесни пресврти од осминафиналето до финалето во најелитното натпреварување минатата сезона, а бајката стартуваше токму против тимот на Покетино кој едноставно се загуби на „Сантијаго Бернабеу“ откако Бензема ја погоди мрежата на Џиџио Донарума.

– Сите што игравме против Реал сме за психолог. Психолог е потребен и за Челси, за Сити, па дури и за Ливерпул. Ако се навратиме назад низ годините, потребен е психолог за секој тим кој играл против Реал во Лигата на шампионите.

– Нема враќање назад, таков е фудбалот, некои работи се случуваат и не можете да ги контролирате, дури и да сте мислеле претходно за тоа. Јас сметам дека имаше прекршок од Бензема на Донарума и ако беше прегледано од ВАР, сега ќе зборувавме за друга работа.

– Ќе зборувавме за елиминација на Реал, но наместо тоа, тој момент беше како детонација за нив, им даде многу верба на нивниот стадион и се случи тоа што се случи, – вели Покетино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни