Поврзете се со нас

Франција

Покетино сигурно не го очекуваше ова: Сент Етјен со чудна тактика за почетен удар го украде шоуто (Видео)

Објавено

на

Маурисио Покетино нема по добро да го памети своето деби на клупата на ПСЖ, бидејќи тимот од француската престолнина одигра само 1:1 против Сент Етјен на гостувањето на „Жофрој Гишар“.

Наместо да остане во чекор со Лион, „светците“ сега имаат три бода негатива и Покетино брзо дозна дека ќе има напорна работа пред себе, откако клубот доста лесно успеа да се реши од Томас Тухел кој влезе во клинч со спортскиот директор Леонардо.

Покетинот по крајот на натпреварот, јавно го прозва Килијан Мбапе и нагласи дека очекува многу повеќе од младата фрнацуска ѕвезда, но неговото деби како тренер во Лига 1 посебно ќе се памети и по чудната тактика која ја примени домашниот тим.

Клод Пуел се одлучи за необична стратегија при почетните удари кои ги имаше неговиот тим, бидејќи играчите на Сент Етјен му ја подарија топката на противникот, со цел да извршат притисок и пресинг на противничката половина.

Поранешниот менаџер на Лестер очигледно им дал за задача на своите фудбалери да не оставаат нималку простор зад себе и да не прават никакви ризици, па поради тоа, на двапати го подаруваа поседот и приредија несекојдневна сцена на дебито на Покетино на клупата на ПСЖ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни