Поврзете се со нас

Свет

Покетино се покаја за својата дрска изјава: Не сакав да ја навредам Барселона

Објавено

на

Маурисио Покетино е уште еден добар пример дека во животот не треба да се даваат прегруби изјави и да се затвораат врати кои подоцна би ви се отвориле во иднина, па очигледно доскорешниот менаџер на Тотенхем сфати дека направи грешка, па денеска ги погази своите зборови во последното интервју.

Како поранешен играч и тренер на Еспањол, Покетино пред две години се поврзуваше со преземање на Барселона, но тогаш Аргентинецот ги „олади“ шпекулациите со исклучително дрска изјава, потенцирајќи дека попрво ќе се врати да работи во својата фарма во родната земја, отколку да ја води Барселона.

Покетино се обиде да стави до знаење дека Барселона и Арсенал се тимовите кои никогаш нема да ги преземе поради неговото минато во Еспањол и Тотенхем, но очигледно времето минато надвор од фудбалот го натера да го промени мислењето.

Маурисио најверојатно сфати дека како тренер треба да биде отворен за секакви големи предизвици во кариерата, па сега одлучи да се поправи и да ја измени својата изјава за Барселона.

– Сакам да дадам појаснување за таа епизода. Таа година бев во Барселона и се сретнавме со Бартомеу во еден бар. Се поздравивме бидејќи нашите деца одеа во исто училиште и неколку минути позборувавме. Тој разговор предизвика многу шпекулации, па затоа кога ме прашаа за Барселона, сакав да ставам крај на истите на драстичен начин.

– Не сакав да ја навредам Барселона, можеа да се кажат работите на поинаков начин. Еспањол ме направи човек и маж, но јас не сум арогантен и не сакам да давам такви изјави кои ме прават таков. Сега не би го кажал тоа, бидејќи во животот никогаш не знаете што ќе се случи следно, – вели Покетино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни