Поврзете се со нас

Франција

Покетино се огласи за подготвената „шут-карта“ од ПСЖ: Мбапе беше во право….

Објавено

на

Маурисио Покетино има неизвесна иднина во ПСЖ и медиумите се сигурни дека нема да ја стартува новата сезона како тренер на првиот тим, нешто со што Аргентинецот не се согласува и покрај силните гласини кои кружат во јавноста.

Поранешниот менаџер на Тотенхем е свесен каков притисок се создава во Франција околу ПСЖ поради големината на фудбалскиот проект, но во интервјуто за „Еспорт3“ говореше и за одлуката на Килијан Мбапе која беше доста неочекувано со оглед на најавите кои ги имаше во јавноста за трансфер во Реал Мадрид.

– Мбапе имаше право, многу работи се направија завршени, а тој секогаш велеше дека се уште не донел конечна одлука. Тоа го направи последната седмица и на крајот реши да остане.

– Мојата иднина? Ми преостанува уште една година од договорот. Има многу шпекулации, ме бркаат секоја недела од тимот, но ПСЖ ги отфрла таквите работи. Веќе една и пол година сум во ПСЖ и сметам дека сум еден од најдобрите во мојата работа.

– Ни треба мир и континуитет, да се верува во работата. Не ја освоивме Лигата на шампионите, но ја освоивме лигата, исто како и Манчестер Сити. За споредба, ми се допаѓа каков мир владее во Сити и колкава стабилност му се нуди на Гвардиола, – вели Покетино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни