Англија
Покетино разочаран од фановите на Челси: Не знам зошто го прават тоа
Маурисио Покетино се најде под жесток притисок и беше предмет на голем потсмев откако Челси загуби од Ливерпул во финалето на Карабао Купот, не поради името на ривалот, туку поради фактот што Јирген Клоп успеа да триумфира со деца од школата.
Проектот на Челси кој вреди повеќе од една милијарда се уште не ги дава очекуваните резултати и тоа ги правите работите за Покетино навистина сложени, но истото важи и за дел од првотимците.
По поразот од Ливерпул на „Вембли“, Рахим Стерлинг доживеа непријатни моменти на „Стемфорд Бриџ“ против Лидс и беше исвиркуван од навивачите, а разочаран од ваквиот третман е токму Покетино кој вели дека ваквата навика на фановите не помага на фудбалерите.
– Некој ми кажа дека Стерлинг бил исвиркуван, да бидам искрен, јас не забележав. Навистина не можам да разберам зошто се прави тоа, тешко е да објасните зошто го прават тоа.
– Стерлинг е еден од најпримерните играчи, целосно е фокусиран на Челси и не пропушта ниту еден тренинг. Секогаш тренира максимално и стои на располагање. Понекогаш е добар, понекогаш не толку, како и секој играч. Тој дефинитивно не заслужува свирежи, – вели Покетино пред мечот со Брентфорд.
-
Англија17 часа
Слот: Не ми е жал за Гвардиола
-
Италија14 часа
Одлични вести од Италија: Лекарите го екстубирале Бове, фудбалерот почнал да одговара на првите прашања
-
АТП17 часа
Последниот тениски танц во Буенос Аирес донесе многу солзи: Ѓоковиќ и Дел Потро заедно плачеа на теренот (Видео)
-
Свет15 часа
Херојски чин: Рики Пуч асистираше за финале со скинат преден вкрстен лигамент! (Видео)
-
Англија15 часа
Две ѕвезди на Јунајтед сами се прецртаа за дербито со Арсенал (Фото)
-
Англија16 часа
Поранешна ѕвезда на Арсенал: Артета ми порача дека сум му забил нож во грб, па потоа завршив во Челси
-
Франција11 часа
Хесе: Ал Келаифи повеќе ја сакаше мојата сопруга отколку мене………..
-
Европски првенства5 часа
Две различни полувремиња: Македонија со пораз го заврши настапот на ЕП