Поврзете се со нас

Англија

Покетино распали по играчите на Челси: Не ги исполнуваме стандардите на Премиер лигата

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Маурисио Покетино не го криел разочарувањето од ремито со Барнли на натпревар на кој неговиот Челси долго имаше фудбалер повеќе на теренот, а сепак не успеа да го победи аутсајдерот.

Аргентинскиот стручњак по средбата испратил многу критики за своите фудбалери, потенцирајќи дека менталната блокада му прави најголема штета на Челси сезонава.

– Денеска не покажавме ниту минимум желба, капацитет, енергичност и глад, нешто што е задолжително за една екипа во Премиер лигата.

– Многу сум вознемирен и разочаран, посебно што му дозволивме толку многу на противникот со играта во одбрана.

– Во случајов повеќе се работи за она што го имаме во срцата и главите, отколку во нозете, многу слабо напредуваме во однос на колективниот квалитет и потребата да изгледаме како екипа на теренот.

– Се опуштивме многу кога поведовме и тоа ни донесе уште едно самоубиство, ова го правиме секоја недела, – рекол лутиот Покетино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни