Поврзете се со нас

Свет

Покетино прифатил интересна понуда и првпат ќе работи како селектор

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Маурисио Покетино нема ангажман откако заработи отказ од Челси, но се чини дека веќе успеал да си договори нова соработка.

Аргентинскиот стручњак собра сериозно искуство изминатите години, а сега ќе се испроба и како селектор и тоа на американската фудбалска репрезентација.

За Покетино ова ќе биде интересен проект бидејќи Американците ќе бидат домаќини на следното светско првенство, а токму тој треба да биде предводник на тој важен турнир на домашен терен.

Федерацијата уште не ја потврдила информацијата, но тоа се очекува деновиве, со што Покетино и дефинитивно ќе добие нов ангажман, со малку поинакво темпо на работа и обврски во текот на годината.

Претходниот селектор Грег Берхалтер беше отпуштен по неубедливиот настап на САД на Копа Америка, турнир на кој Американците не успеаја да ја поминат ниту групната фаза.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни