Англија
Покетино пред враќањето во Северен Лондон: Никогаш нема да ме видите во најголемиот непријател на Тотенхем

Маурисио Покетино во безброј наврати му искажуваше љубов на Тотенхем кога си замина од клубот и најавуваше дека во иднина нема да потпишува за лутите ривали, но Аргентинецот сега мораше да ја менува својата изјава откако ќе се врати во Северен Лондон како менаџер на Челси.
Тотенхем ќе го пречека Челси во понеделник во големото лондонско дерби, а Покетино денеска им појаснуваше на новинарите дека неговата изјава од пред неколку години се однесувала строго за Арсенал, а не за другите клубови од англиската престолнина.
Покетино беше омилен меѓу фановите на Тотенхем и очекувањата се да биде топло пречекан од присутните на стадионот, па од помош ќе му биде и денешната изјава која ја даде за Арсенал.
– Не знам дали имате добро помнење, но јас реков дека клубот кој никогаш нема да го водам е Арсенал. Го реков тоа и стојам зад тоа. Арсенал е најголемиот непријател на Тотенхем и никогаш нема да го водам тој тим.
– Ќе ми биде чудно да се вратам на стадионот на Тотенхем после четири години. Ќе бидам среќен што ќе видам познати лица, но професионалноста мора да остане на високо ниво, – изјави Покетино.
-
Англијапред 20 часа
Гвардиола за контроверзниот момент на дербито: Не можам да го разберам потегот на судијата (Видео)
-
Англијапред 21 час
Кин за врската со Фергусон: Зошто да имам добар однос со некој кој ве фрла под автобус?
-
Италијапред 24 часа
Италијанска драма: Голманот не Лече се избори за пенал во 96. минута! (Видео)
-
Англијапред 7 часа
Гвардиола имал „Ван Гал момент“ по голот на Кулушевски (Фото)
-
Англијапред 23 часа
Хау ја посочи најлошата вест од победата над Јунајтед
-
Англијапред 17 часа
Контроверзната судиска одлука го испровоцира: Халанд беснееше на теренот, па продолжи на социјалните мрежи
-
Англијапред 20 часа
Тен Хаг образложи зошто бесно викаше кон еден свој фудбалер: Тоа беше порака до целиот тим (Видео)
-
Шпанијапред 23 часа
Анчелоти: Валверде ужива на новата позиција на теренот