Поврзете се со нас

Англија

Покетино пред финалето со Ливерпул: Одлуката на Клоп не смее да влијае на судиите

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Челси и Ливерпул ќе се борат за трофејот во англискиот Лига куп, а за Јирген Клоп ова ќе биде можност да му обезбеди уште еден трофеј на својот клуб во последната сезона од ангажманот на клупата на „црвените“.

Токму најавеното заминување го плаши ривалскиот менаџер Маурисио Покетино, кој на прес-конференцијата испратил невообичаена порака до судиите одредени за дуелот на „Вембли“.

Аргентинецот смета дека неговиот тим бил оштетен со неколку одлуки на неодамнешното премиерлигашко соочување со Ливерпул, па се надева дека судиите нема да бидат под влијание на прошталната сезона на Клоп.

– Мислам дека треба да бидеме сигурни дека ќе има ист критериум и фер одлуки од судиите. Кога игравме против нив во Ливерпул, ниту една одлука не отиде во наша корист.

– Не добивме два пенала, секој дуел 50-50 заврши со одлука во корист на противникот, сакам да бидеме третирани на ист начин.

– Ливерпул е фантастичен тим, Клоп е еден од најдобрите тренери, но не сакам тоа да донесе притисок врз судиите на „Вембли“. Ова е последна сезона за Клоп, но сакам да се натпреваруваме со еднаков судиски критериум, – рекол Покетино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни