Поврзете се со нас

Англија

Покетино повторно го прозва летното засилување: Мора да сфати дека тука не важат истите правила

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Николас Џексон може да се пофали со подобрување на голгетерскиот учинок во последно време, но за него и натаму голем проблем претставува дисциплината која повторно го стави во центарот на вниманието.

Напаѓачот кој дојде од Ла Лига очигледно е научен на редовни протести кои минуваат без казна, меѓутоа во Англија тоа се помалку се толерира и веќе има седум жолти картони.

Џексон еднаш одлежа суспензија и го пропушти мечот против Фулам, а сега е на три јавни опомени од нова пауза во англиската елита.

Маурисио Покетино еднаш го казнуваше Џексон и го тераше да трча дополнителни километри на тренинзите за честите опомени, но пред мечот со Брајтон повторно говореше на оваа тема.

– Кога ќе се погледне нашиот стартен тим, малкумина имаат искуство во Премиер лигата. Ќе го земам за пример Џексон. Тој дојде од друга лига и треба да сфати дека тука правилото е поинакво.

– Тука правилото за приговор кон судијата е постриктно, треба да сфати дека е променета границата до каде може да оди со судиите. Премиер лигата е најтешка и поразлична од сите други. Имаме неискусни фудбалери и има моменти кога треба подобро да ги менаџираме работите, – изјави Покетино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни