Поврзете се со нас

Англија

Покетино потврдил дека повторно нема да смета на скапо летно засилување

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Челси остана без трофејот во Лига купот, но веќе утре го продолжува настапот во ФА купот, каде ќе биде фаворит на дуелот со Лидс.

Домашниот тим повторно се соочува со многу проблеми во однос на повредените играчи, а менаџерот Маурисио Покетино денеска излегол со уште една разочарувачка вест.

Кристофер Нкунку повторно заработил повреда и не само што ќе го пропушти дуелот со Лидс, туку ќе паузира наредните 3-4 недели.

Французинот се повреди уште за време на подготовките за новата сезона, а откако се врати во тимот, постојано има дополнителни главоболки поради нови проблеми.

– По финалето со Ливерпул беше потврдено дека заработил повреда. Ова е тежок период за него, кога ни се приклучи на подготовките во претсезоната, леташе по теренот. Потоа заработи повреда на коленото и веќе поминаа осум месеци.

– Сите го посакуваме Нкунку од Бундеслигата, но тој не може да биде истиот фудбалер, – рекол Покетино.

Напаѓачот досега само собра десет настапи во редовите на премиерлигашот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни