Поврзете се со нас

Англија

Покетино: Ова ни е единствената шанса за трофеј во оваа сезона

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Челси има очаен почеток на новата сезона во Премиер лигата и ако се суди по првите шест кола „сините“ ќе имаа исклучително тешка задача да изборат место во европските купови следната кампања, поточно нема да биде изненадување и ако втора година по ред останат без Европа.

Сепак има уште многу да се игра, има простор многу работи да се променат, но Челси ќе мора да се разбуди, активира и да освојува бодови. Уште клубот од Лондон има соочување со Брајтон во Лига Купот, а пред истото менаџерот Маурисио Покетино порача дека можеби ова е единственото натпреварување во кое имаат шанса да освојат трофеј.

-Ова е една од нашите цели во оваа сезона. Треба да мислиме дека ова е една можност да освоиме трофеј. Можеби чувствата по поразот во неделата не се најдобри, но чувствувам дека ќе продолжиме понатаму за да ја добиеме самодовербата и довербата кај играчите.

-Ова е друго натпреварување и треба да го промениме расположението. Вчера и денес разговаравме многу – се обидувавме да донесеме поголема самодоверба во тимот – и мислам дека ќе бидеме подготвени за утре, -истакна Аргентинецот.

Мечот на „Стмефорд Бриџ“ се игра утре од 20:45 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни