Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Покетино откри што би направил доколку Мбапе побара да шутира пенал против Реал во финале на ЛШ

Објавено

на

Маурисио Покетино е свесен дека цела спортска јавност прави дополнителен притисок врз ПСЖ и сите очекуваат „светците“ да стигнат до големото финале во Лигата на шампионите после сите ѕвезди кои беа ангажирани изминатово лето, но од друга страна, Аргентинецот е свесен дека тоа нема да биде воопшто лесно во ситуација кога сите влегуваат уште помотивирано во дуелите со неговиот тим.

Во ексклузивното интервју кое го направи за „Марка“, тренерот на ПСЖ уште еднаш нагласи дека според него прв фаворит за титулата е Челси како бранител на трофејот, но даде одговор и на една хипотеза поврзана за сценарио кое го замисли новинарот кој го водеше разговорот.

Покетино беше запрашан како би реагирал доколку Мбапе побара да шутира пенал против Реал Мадрид во едно финале на Лигата на шампионите, особено сега кога Французинот јавно призна дека посакувал трансфер на „Сантијаго Бернабеу“.

– Дај боже да дојде до финале меѓу ПСЖ и Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Што би направил? Зошто да не шутира Мбапе пенал против Реал?

– Максимално верувам во неговиот професионализам. Тој до последниот ден ќе се бори за ПСЖ, без оглед дали тоа ќе биде 30-ти јуни наредната година, или наредните пет или десет години. Тој е 200 проценти професионалец и никогаш нема да се сомневам во него. ПСЖ како клуб се уште има надеж дека ќе го задржи. Има договор до крајот на оваа сезона и се уште постојат шанси да се премисли, – изјави Покетино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни