Поврзете се со нас

Свет

Покетино откри кои две екипи ги одбил и обелодени кој тим посакува да го води

Објавено

на

Маурисио Покетино од минатата година е без тренерски ангажман и тоа откако ја заврши ја заврши приказната со Тотенхем.

Низ сите овие месеци неговото име се поврзуваше со доста клубови, во неколку наврати се говореше и за Барселона, но вистината е дека Аргентинецот добил само две понуди од Бенфика и Монако.

-Не се видов со Бартомеу (претседателот на Барселона), но имав ручек со Рамон Планес (техничкиот секретар). Имаме одлично пријателство, но не ми беше понудена функцијата тренер на Барселона. Не сум добил ниту понуда од ПСЖ, Јувентус и Интер. Ми се јавија од Бенфика и Монако. Нема потреба да лажам.

-Не сум вознемирен за тоа што не сум тренер … можеби ако не беше вирусот ќе бев понервозен што не сум дел од фудбал, но по сето тоа што се случи, јас сум порелаксиран и тоа ми овозможи личен и раст на семејството и особено од професионално ниво, да се развивам на други полиња, -рече Покетино кој сонува да го води Реал Мадрид.

-Не знам дали некогаш ќе бидам тренер на Реал Мадрид, бидејќи фудбалот ве носи таму каде што сака, но сигурно, тоа е мојот сон. Ако не е најдобар, тогаш е меѓу најдобрите на светот. Има голема историја и мислам дека не се разликувам од другите фудбалски професионалци. Секој тренер го има Реал Мадрид како тим од соништата, -порача некогашниот стручњак на Еспањол и Саутемптон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни