Поврзете се со нас

Франција

Покетино откри какво прашање му поставил на нервозниот Меси откако го извади од игра

Објавено

на

Лионел Меси беше очигледно дека не е воопшто задоволен од одлуката на Маурисио Покетино да го повлече во игра, уште повеќе во ситуација кога ПСЖ се обидуваше да постигне втор гол и бркаше победа во дербито со Лион.

Аргентинецот беше повлечен од игра во 76-та минута и со разочарувачка реакција седна на клупата за резерви, а ПСЖ без него на теренот стигна до драматична победа и триумф во судиското надополнување.

Покетино го повлече Меси кога ПСЖ бркаше победа, реакцијата на напаѓачот се говори (ВИДЕО)

Мауро Икарди постигна гол за 2:1 во 92-та минута и го задржа стопроцентниот учинок на „светците“, но цела јавност говори за блиската средба која ја имаа Покетино и Меси при излегувањето на Лео од теренот.

– Сите знаат дека поседуваме големи играчи, на теренот и на клупата. Одлуките се носат за доброто на тимот. Одлуките некогаш се добри и функционираат, некогаш не.

– Играчите некогаш се задоволни од одлуките, некогаш не. Реакцијата на Меси? Само го прашав како се чувствува, а тој ми одговори дека е добро. Тоа беше се, – открива Покетино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни