Поврзете се со нас

Англија

Покетино: Очајно посакувам трофеј со Челси

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Челси ја наполни мрежата на Мидлзброу за пласман во финалето на Лига купот, а менаџерот Маурисио Покетино признал дека е очаен за освојување трофеј со „сините“.

Аргентинскиот стручњак нема освоено трофеј во периодот кога претходно работеше во Англија, а Челси во финалето ќе игра со подобриот од двомечот меѓу Ливерпул и Фулам.

– Очајно посакувам трофеј со Челси. За година и пол во ПСЖ освоивме три трофеи, па секако сакам да освојам трофеј овде.

– За нас во моментов ова е големо достигнување, објективно од позицијата од која започнавме. Без настап во европските купови, да изградиш тим од речиси нула, за нас приоритет беше да бидеме на „Вембли“ во февруари

– Мора да признаеме дека екипата се потруди, сега останува уште да го добиеме финалето. За нас овој резултат е важен бидејќи работиме на процес на градење на екипа, – рекол Покетино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни