Лига на шампиони
Покетино објасни зошто ѕвезденото трио не функционираше во Бриж
Маурисио Покетино имаше „пеколно крштевање“ во новата сезона во Лигата на шампионите, бидејќи неговиот ПСЖ не успеа да победи против ривалот за кој се претпоставуваше дека само ќе ги брои головите примени од страна на големите ѕвезди во францускиот тим.
Наместо тоа, белгискиот тим се прикажа во извонредно издание на домашен терен и во добар дел од мечот беше и подобар колектив на теренот, нешто што предизвика бура од реакции во француската спортска јавност која остана шокирана од пребледото издание на „светците“, уште повеќе кога во стартната постава беа трите големи ѕвезди.
Килијан Мбапе, Нејмар и Лео Меси играа од првата минута, но во ниту еден момент не успеаја да се поврзат посериозно и не направија разлика на теренот. Покетино смета дека е премногу рано да се носат заклучоци, но објасни зошто ѕвезденото трио не функционираше во Белгија.
– Потребно е време за да работат напорно тројцата, потребно е време за да се сфатат меѓусебно.Треба да научат како да се движат пред да почнат да прават добри работи на теренот. Задоволен сум од првиот старт на Меси, желбата која ја имаше, односот на теренот и адаптацијата во целина.
– Не се согласувам дека бевме издоминирани. Ние го имавме поседот, но имаше фази во кои противникот беше подобар. Ова не беше добра ноќ за нас, мора да бидеме поконстантни во играта и да ги намалиме грешките кои ги правевме во првото полувреме. Мбапе го повлеков од игра бидејќи го свитка зглобот. Утре или задутре ќе имаме подетални вести за неговата состојба, – изјави Покетино по ремито од 1:1.
-
Лига на шампиони23 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Лига на шампиони20 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони8 часа
Навивачите на Сити открија дека зајадливата порака не била наменета за Винисиус, туку за друг член на Реал (Фото)
-
Лига на шампиони10 часа
Винисиус по МВП изданието: Морам да разговарам со Флорентино
-
Италија8 часа
Пандев кратко го искоментира враќањето на Елмас во Серија А
-
Лига на шампиони10 часа
Анри објасни зошто Халанд не може да се споредува со Мбапе
-
Англија9 часа
Руни ја потенцираше големата јануарска трансфер грешка на Гвардиола: Навистина чуден потег
-
Лига на шампиони20 часа
Куртоа: Заслуживме да победиме, ова е духот…