Поврзете се со нас

Англија

Покетино: Никој не е сигурен, можев да дојдам…

Објавено

на

foto:twitter.com/JacobsBen

Челси уште еднаш разорача и доживеа пораз до Премиер лигата и тоа во соочувањето со Вулверхемптон на „Стемфорд Бриџ“.

Домаќините иако први го отворија резултатот преку Палмер на крајот мораа да му честитаат на противникот за триумфот од 4-2. Овој резултат, настап донесе свирежи од навивачите, потег кој менаџерот Маурисио Покетино го прифати и едноставно призна дека во моментов тие како група не се на посакуваното ниво.

-Им се извинуваме на навивачите и тоа го прифаќаме. Затоа што едно е перцепцијата, а друго реалноста. Перцепцијата е дека треба да бидеме во друга позиција, но за различни околности не сме. Мислам дека сите не сме доволно добри во моментов. Тоа е реалноста, јас сум прв одговорен за оваа ситуација.

-Ова е реалностаи јас како прв одговорен за оваа ситуација. Она што денеска го покажавме е дека не сме доволно добри. Не ја менаџиравме ситуацијата како што треба и се разбира, никој не може да биде сигурен. Не сакам да дојдам овде да кажам: „Јас сум најдобар, а играчите се најлоши“, мислам дека сите сме одговорни. Не можеме да се откажеме и ќе работиме напорно за да се обидеме да се промениме, можеби да донесеме некои одлуки за да најдеме поинаков начин. Ако не функционира на овој начин, треба да продолжиме понатаму и да се обидеме да најдеме различен тип на решение, -порача Покетино.

Наредната средба за „сините“ е против Астон Вила во рамките на ФА Купот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни