Поврзете се со нас

Франција

Покетино: Не верував дека Меси ќе потпише за ПСЖ, очекувајте го најдобрто од него

Објавено

на

Лионел Меси не можеше да го продолжи договорот со Барселона, а тоа го искористи францускиот прволигаш Пари Сен Жермен кој го доведе на „Паркот на приновите“.

Тоа секако беше вистински фудбалски земјотрес затоа што многумина очекуваа Меси целата своја кариера да ја мине во Барселона, но се случуваат непредвидливи работи и сега Аргентинецот отвори нова страница во своето активно фудбалско патување.

Тој веќе дебитираше за „светците“, ама допрва се очекува да го достигне своето ниво и да помогне во остварување на зацртаните цели. Тренерот Маурисио Покетино признава дека едоставно не очекувал да го има Меси на располагање, но сега кога е тука со него ќе направи се за да го искористи на најдобар можен начин.

-Можеби не сум најсоодветната личност за да го опишам. Има многу повеќе луѓе кои имаат поширок вокабулар за да го опишат поблиску до реалноста што Лео ја заслужува. Тој секогаш ќе се смета за еден од најдобрите во светот. Откако пристигна, тој навистина се адаптираше многу брзо и тренираше многу добро, обидувајќи се да го постигне своето највисоко ниво што е можно поскоро за да се натпреварува најдобро што може.

-Не верував дека е можно да потпише за нас, ама кога ќе се појави можност и се оди толку брзо, не можете се веднаш да процесирате. Сепа, постои таа врска: двајцата сме Аргентинци, двајцата го поддржуваме Њуелс [Олд Бојс], двајцата потекнуваме од Росарио. Исто така, му се восхитував долго време кога се соочував со него како противник, па сега штп го имам со нас е навистина убаво. Се надеваме дека заедно ќе успееме да го постигнеме она што клубот го посакува, -истакна Покетино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни