Поврзете се со нас

Франција

Покетино не сака да попушти, сака ПСЖ да му го исплати секој денар од договорот

Објавено

на

Маурисио Покетино е веќе минато за Пари Сен Жермен, односно само прашање на време е кога клубот официјално ќе ја потврди разделбата со него.

Аргентинецот е свесен дека приказната е завршена, ама во исто време нема намера да се пазари со „светците“ околу сумата која тие треба да му ја испалат како обештетување за предвреме раскин на договорот. Тој смета дека мора да му биде исплатен целиот хонорар од 15 милиони евра од кои три ќе одат за неговиот стручен штаб -помошникот Хесус Перез, тренерот на голманите Тони Хименез, Мигел Д’Агостино и неговиот син, кондициониот тренер Себастијан.

Покетино инсистира тој и целиот негов персонал да го добијат она што им го должи на ПСЖ. Разговорите течат добро, но она што е јасно дека Аргентинецот нема намера да попушти во однос на сумата која треба да му биде платена.

Од друга страна ПСЖ сака побрзо да го заврши, затвори ова прашања и потоа да го објави новиот тренер кој би требало да биде Кристоф Галтие од Лил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни