Поврзете се со нас

Англија

Покетино не може да сфати зошто судијата не досуди пенал за Челси на „Вембли“: Имав само едно прашање за Оливер (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Челси имаше свои стопроцентни шанси на полуфиналниот меч со Манчестер Сити во ФА Купот, но може да жали што не доби и пенал по 10 минути игра во вториот дел.

Трагичар на мечот е напаѓачот Џексон кој не реализираше три колосални шанси, меѓутоа Маурисио Покетино има зошто да му биде лут и на главниот судија Мајкл Оливер.

Кол Палмер изведе слободен удар во 55-та минута и топката не заврши во рамки на голот, но во оваа акција Грилиш беше невнимателен и играше со рака.

Од повторената снимка се виде дека потегот на Грилиш ја менува траекторијата на топката, но ниту Оливер, ниту луѓето во ВАР не направија корекција.

– Не знам што да кажам, вие (новинарите) имате подобар поглед. Тешко беше да се види од клупата, но моите асистенти ми кажаа дека е пенал. Го прашав Оливер зошто не отиде да ја провери ситуацијата. Од тоа што го видов, имаше пенал, но мора да продолжиме напред. И покрај се, задоволен сум од прогресот кој го бележи мојот тим, – изјави Покетино.

Видеото погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни