Франција
Покетино на принудна пауза поради позитивен тест на ковид-19

Неколку дена откако го освои францускиот Супер куп со својот нов клуб ПСЖ, Маурисио Покетино оди на принудна пауза.
Аргентинскиот стручњак денес имал позитивен тест на ковид-19, поради што веќе е во изолација и нема да може да работи со своите фудбалери наредниов период.
ПСЖ потврди дека поради актуелните протоколи, Покетино нема да ја води екипата на утрешното гостување кај Анжер, а неговата функција ќе ја извршуваат асистентите Хезус Перез и Мигел Д’Агостино.
Речиси сигурно е дека тренерот на ПСЖ нема да може да седи на клупата ниту на соочувањето со Монпелје, а потоа враќањето на тренинзите ќе зависи од првиот негативен тест кој ќе го добие.
Покетино ја презема функцијата на почетокот на новата година, а со победата над Олимпик Марсеј во средата, го освои првиот трофеј во тренерската кариера.

- Англијапред 23 часа
Еден од играчите на Челси се налутил на Тухел и одбил да преговара за нов договор
- Шпанијапред 22 часа
Интересен момент по крајот на натпреварот на „Камп Ноу“: Голманот на Елче се возбуди кога Меси му го побара дресот (Видео)
- Лига на шампионипред 21 час
Зидан искрен по победата над Аталанта: Не бевме најдобри иако имавме играч повеќе
- Англијапред 24 часа
Тотенхем тргнува по незадоволниот фудбалер на Манчестер Јунајтед
- Лига на шампионипред 22 часа
Менди со супер гол во финишот го проби бедемот на Аталанта, Манчестер Сити без проблем во Будимпешта (Видео)
- Лига на шампионипред 12 часа
Зидан откри интересна анегдота за стрелецот на голот и нагласи: Ова беше воиграна акција од тренинзите! (Видео)
- Лига на шампионипред 13 часа
Бесниот Гасперини со предлог до УЕФА какви судии да делегира во иднина: Ова е самоубиство на фудбалот!
- Лига на шампионипред 23 часа
Капело за исклучувањето на Фројлер: Судијата го уништи натпреварот