Англија
Покетино му се извини на Гвардиола за потегот по крајот на дербито (Видео)

Големото дерби меѓу Челси и Манчестер Сити уште долго ќе остане во сеќавање на верните фанови во Премиер лигата, бидејќи спектаклот кој беше понуден навистина не се гледа секој ден.
Во натпревар со осум голови, на крајот дојде до поделба на бодовите и измешани емоции на двете страни, бидејќи и Челси и Сити испуштаа водство, за на крајот да се задоволат со конечните 4:4.
Посебно нервозен по последнито судиски свиреж на Антони Тејло беше Маурисио Покетино, кој наместо да се ракува со Пеп Гвардиола, отиде да протестира за прекинатата контра на Рахим Стерлинг.
– Сакам да им се извинам на Антони Тејлор и на другите судии, факт е дека претерав. Но, тоа се дел од емоциите, во тој момент мислев дека Рахим може да тргне по петти гол.
– Заслужено добив жолт картон, ги минав границите и сакам да се извинам за лошата слика која ја оставив. Исто така сакам да му се извинам на Пеп Гвардиола бидејќи во тој момент не пријдов до него и не се поздравиме. Бев фокусиран само на мојата реакција кон судиите, – изјави Покетино на пресот, а Пеп не му замери за тоа.
– Нема никаков проблем со тоа. И мене ми се случило да ме понесат емоциите. Сме го виделе Покетино во вакво издание и тоа е сосема во ред, – изјави Гвардиола.
Pochettino was furious with Anthony Taylor blowing the full time whistle just as Chelsea started a counter. pic.twitter.com/naE96L2uyC
— Sripad (@falsewinger) November 12, 2023
-
Италијапред 23 часа
Таткото на Кварацхелија откри за кој тим сонува неговиот син: Сите во нашето семејство се нивни фанови
-
Македонијапред 18 часа
(ФОТО) Новиот автомобил на Иџе пристигна во Скопје
-
Италијапред 17 часа
Малдини откри како бил отпуштен од Милан и распали по првиот човек на клубот
-
Германијапред 10 часа
Нереален автогол: Голман на Хамбургер со „мајсторија“ која ќе ја памети до крајот на животот (ВИДЕО)
-
Конференциска лигапред 23 часа
Навивачите на Абердин го прекинаа мечот во Европа: Го гаѓаа противничкиот голман со снежни топки (Видео)
-
Шпанијапред 12 часа
Анчелоти го спореди Белингем со бразилска легенда: Изненаден сум од него…
-
Шпанијапред 22 часа
Анчелоти за играчот кој им се извинуваше на фановите на Реал: Тој што работи секогаш, нема потреба да го прави тоа (Видео)
-
Шпанијапред 20 часа
Флорентино и Чоло уловени во интересна конверзација: Ќе бидеш горд…… (Видео)