Поврзете се со нас

Англија

Покетино: Му реков на Мурињо дека ќе го заменам во Реал, а сега….

Објавено

на

Маурисио Покетино одработи неколку интервјуа за угледни британски таблоиди од домашна атмосфера во Лондон, но изјавата која ја даде за весникот „Гардијан“ се најде посебно во прв план, бидејќи во дадениот случај говори за една интересна анегдота со неговиот наследник во Тотенхем.

Покетино на крајот доби отказ од газдата Леви по лошите резултати кои ги нареди тимот, односно беше заменет од страна на Жозе Мурињо, човек со кого имаше можност да биде блиску еден до друг крај аут линијата и додека го водеше Еспањол во Примера.

Тогаш, Мурињо беше тренер на Реал Мадрид, а аргентинскиот стручњак му нагласил на Португалецот дека еден ден ќе го наследи на „Бернабеу“.

– Го гледав Мурињо во Мадрид и му кажав во една прилика: Еден ден ќе го заземам твоето место во Реал Мадрид, но погледнете каде не однесе животот.

– Тој го зазема моето место во Тотенхем. Тоа е навистина неверојатно нели. Искрено, среќен сум што Мурињо е мојот наследник во Тотенхем. Го познавам доста долго и среќен сум што тој е на моето место, – истакна Покетино.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни