Поврзете се со нас

Англија

Покетино му одговори на Невил: Знам зошто го направи тоа

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Гери Невил предизвика многу реакции во Англија со својот коментар кој го даде за Челси по поразот од Ливерпул во финалето на Карабао Купот, бидејќи легендата на Манчестер Јунајтед ги нарече сините „најголеми пацери кои вредат над една милијарда“.

Поранешниот десен бек беше доста брутален при давањето на овој прекар и со само тоа отвори голема дебата во јавноста, па добар дел од легендите на Челси, како и Гери Линекер порачаа дека Невил претерал со жестокиот став.

Маурисио Покетино во прв момент не обрна внимание на зборовите кои ги употреби Гери, но неколку дена подоцна реши да му одговори на екс дефанзивецот, и тоа откако Челси се пласираше во четвртфиналето во ФА Купот.

– Сметам дека не е фер да се даваат такви заклучоци за толку млад тим. Очекувањата се огромни бидејќи се работи за Челси, но овој тим треба полека да се гради и полека да добива самодоверба. Почнуваме да растеме како тим, чувството е дека сме се повеќе зближени и тоа не се менува преку ноќ. Не постоја магии во фудбалот, треба само да креирате со труд.

– Гери е мој пријател и видов што направи. Неговото размислување стана топ тема и се шири насекаде. Не можам да се согласам со него. Навистина го сакам и го почитувам Гери, но не е фер да дава такви коментари. Да бидам искрен, мислам дека тој го кажа тоа бидејќи е фрустриран од новата титула на Ливерпул како легенда на Јунајтед. Тоа е вистината, – порача Покетино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни