Поврзете се со нас

Свет

Покетино изненади со изборот: Тој е најголемиот играч што сум го видел во животот (ВИДЕО)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Маурисио Покетино веќе некое време е во фокусот на фудбалската јавност откако одлучи да прифати еден сосема друг предизвик, да стане селектор на Соединетите Американски Држави.

Тој 15 години водеше клубови од најдобрите пет лиги во Европа, но по епизодата во Челси се реши да се испроба и во селекторските води. Низ кариерата Покетино има работено со многу играчи, топ квалитетни имиња, па токму поради тоа изненади со коментарот за најголемиот фудбалер кој го има видено во животот.

Покетино имаше можност да ги опише дел од играчите со кои има соработувано, а најголемиот комплимент го даде за Марко Верати.

-Тој е најголемиот играч што сум го видел во животот, -рече Аргентинецот кој за Меси смета дека е генијалец,  Нејмар е волшебник, а Мбапе убиец.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни