Покетино излезе со феноменална понуда до тешко повредениот Мејсон и ја воодушеви цела Англија

poketino-jyve

Маурисио Покетино не го криеше задоволството од враќањето на неговиот тим на гостувањето во Торино кај Јувентус, а ако единствено жалеше за тоа што Тотенхем не постигнал и трет гол, за издвојување од неговата прес-конференција е и емотивното обраќање кое го имаше за Рајан Мејсон.

Играчот за врска во текот на вчерашниот ден стави крај на својата играчка кариера поради тешката повреда на черепот која ја заработи пред една година, а ако веќе го видовме емотивното обраќање на Гери Кејхил кој го имаше кобниот дуел со Мејсон, сега Покетино излезе со изјава со која му подаде рака на Рајан во обидот да го задржи во фудбалот.

Покетино му понуди место во Тотенхем на својот поранешен играч со кој соработуваше две сезони, па сега одлуката останува на самиот Мејсон за тоа каков чекор сака да преземе во животот.

– Рајан беше посебен фудбалер за мене уште од самиот старт. По само неколку тренинг сесии, сфати се што барам од него, ги сфати сите движења и целиот мој концепт. На некои играчи им треба цела сезона за да го сфатат тоа, а на него му беше потребен само еден меч. Уште тогаш бев свесен за колку интелигентен играч станува збор. Затоа, вратата на Тотенхем секогаш стои отворена за него, сакам да му помогнам, сакаме да му помогнеме јас, мојот стручен штаб и сите во клубот. Го сакаме Рајан и неговото семејство. Во изминативе денови тој често доаѓаше во тренинг центарот и би му порачал да нема никакви грижи. Вистинска штета е што заврши неговата кариерра, но тој може да биде исклучителна успешна личност во фудбалот и надвор од теренот, – порачува џентлменот Покетино.

Facebook Коментари