Поврзете се со нас

Франција

Покетино испрати критики до ѕвездата на ПСЖ: Мора да биде подобар

Објавено

на

Маурисио Покетино пред неколку дена беше официјално преставен како нов тренер на Пари Сен Жермен за да вчера го има своето деби на клупата против Сент Етјен.

Средбата заврши без победник 1-1 со што клубот од француската престолнина ја продолжи низата на променливи резултати. Меѓутоа Покетино има намера ова да го смени во брзо време, а за тоа говори и јасната порака која му ја испрати на Килијан Мбапе кој е една од најголемите ѕвезди во клубот.

-Килијан мора да се подобри како сите останати. Треба да биде разочаран што не победивме, секогаш може да биде подобар. Ама неговото однесување беше добро. Среќен сум со тоа што го направи, -рече Аргентинецот кој нова шанса за прва победа ќе има в сабота кога ПСЖ ќе го пречека составот на Брест.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни