Поврзете се со нас

Франција

Покетино испрати јасна порака и објасни зошто го остави Рамос на клупата за резерви

Објавено

на

ПСЖ го оствари четвртото реми на последните пет меча во Лига 1, откако изминатава вечер одигра 1:1 против Лион во големото дерби со кое беше затворена фудбалската програма во Лига 1 за изминатиов викенд.

„Светците“ повторно се задоволија само со бод и не воодушевија со прикажаната игра на теренот, но за новинарите не беа важни отсуствата на Лионел Меси и Нејмар, туку неиграњето на Серхио Рамос кој не доби ниту една минута на дербито.

Иако беше во протоколот за мечот, искусниот шпански стопер остана на клупата за резерви, а Покетино испрати јасна порака по крајот на мечот и нагласи дека тој се соочува со голема конкуренција на позициите централен дефанзивец.

– Рамос беше добро и подготвен за игра, но јас донесов одлука да не игра. Игравме со четворица дефанзивци, имавме таква формација, а на неговата позиција има голема конкуренција.

– Конкуренцијата важи за сите, се надевам дека ќе ни стои на располагање на другите натпревари. Мојата одлука овојпат беше да играм со Маркињос и Кимпембе, – изјави Покетино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни