Покетино со интересен коментар за прегрубиот старт на Даер над Рамос: Горд сум на тоа што го направи (Видео)

daer-ramos

Серхио Рамос излезе со оправдување за критиките кои ги доби од англиската спортска јавност и докажа дека воопшто не го згазнал Рахим Стерлинг во сопствениот шеснаесетник, но покрај ова, капитенот на Шпанија на овој меч се најде и во една сосема спротивна ситуација кога беше жртва на еден прегруб старт.

Ерик Даер постапи доста необично и буквално го „почисти“ Рамос во шеснаесетникот на Шпанија во ситуација кога стоперот се обидуваше да ја додаде топката, а играчот на Англија доби жолт картон од судијата, но и доста позитивни коментари од Англија со оглед на тоа што Серхио е доста непосакуван играч меѓу навивачите на Ливерпул.

Овој старт на Даер навистина доби милиони споделувања на социјалните мрежи, а со свој став за истиот излезе и Маурисио Покетино.

– Горд сум на тоа што го направи Даер. Потребно е да се покаже желба и агресивност во фудбалот во било која ситуација, – смета менаџерот на Тотенхем.

Facebook Коментари