Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Покетино: Има вистинска разлика меѓу Сити и ПСЖ

Објавено

на

Екипата на Пари Сен Жермен не се претстави во добро светло во дербито против  Манчестер Сити, меч кој го загуби со 2-1, а со тоа воедно остана и без можност да го нападне првото место во групата А.

„Светците“ беа надиграни од англискиот првак и тоа го призна и тренерот Маурисио Покетино кој воедно смета дека нема простор за никаква паника.

-Немаше паника. Беа подобри од нас во првото полувреме. Кога ќе се погледне бројот на фаули што ги имавме и бројот што тие го имаа, тоа е вистината за првото полувреме. Има вистинска разлика помеѓу двата тима. Второто полувреме го започнавме подобро, тимот повеќе излезе. Имавме шанса да бидеме напред, да го отвориме резултатот. Моравме да направиме некои промени по израмнувањето. Тимот тоа го почувствува, тешко се компензира, тоа го даде вториот гол.

-Посебно ќе го паметиме второто полувреме, тоа е лицето што сакавме да го видиме. Презадоволен сум од сите играчи. Со оглед на околностите на почетокот на сезоната, добро е да се биде квалификуван, -порача Покетино.

Второто место ќе му донесе потешки противници на ПСЖ во осминафиналето, а засега ривали се Ливерпул, Ајакс, Баерн и Манчестер Јунајтед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни