Поврзете се со нас

Англија

Покетино: И јас би бил фрустриран да бев навивач на овој Челси

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Маурисио Покетино вели дека ги разбира фановите кои бараа негова смена на последниот дуел на Челси со Брентфорд, признавајќи дека главен проблем на неговиот тим е неискуството.

Челси располага со голем број млади играчи кои поседуваат сериозен потенцијал, но сезонава прават и многу грешки, па лондонскиот премиерлигаш е далеку од посакуваната позиција на табелата.

– Целосно ја разбираме ситуацијата и фрустрациите и мора да ги прифатиме критиките и начинот на кој се однесуваат фановите.

– И јас да бев на трибините и мојот омилен тим да ги постигнуваше овие резултати, веројатно ќе се однесував исто. Бидејќи ова е Челси и ние не ги постигнуваме очекуваните резултати.

– Мора да работиме напорно за да ја подобриме ситуацијата, да ја подобриме конекцијата со фановите со пожртвувана и поквалитетна игра во иднина.

– Можеби причината за резултатите се и големиот број млади играчи. Јас уште од почетокот најавував каква сезона може да очекуваме, нема потреба од правдање и некакви алиби сценарија, – рекол Покетино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни