Поврзете се со нас

Англија

Покетино го споредуваше со Марадона и Роналдињо, сега е на добар пат да заврши во Турција

Објавено

на

Фудбалските патишта знаат да бидат многу чудни и необични, во еден момент да бидете на врвот, блескате, а потоа едноставно да ја изгубите магијата и да доживеете голем пад.

Токму тоа се случува со сега веќе поранешниот англиски репрезентативец Деле Али чија кариера веќе неколку години оди во погрешна, надолна линија и според последните информации истата може да ја продолжи во Турција.

Имено тој своевремено беше споредуван со Диего Марадона и Роналдињо од страна на тогашниот страгег на Тотенхем, Маурисио Покетино, меѓутоа многу работи се променија и откако ја заврши соработката со „петлите“ тој  не може да се наметне ниту во Евертон и како што стојат работите тој може лесно да заврши во Турција во Бешикташ иако има само 26 години.

-Марадона беше талентиран, надарен играч; физички силен, природно тело, силен, моќен, тука е и неговиот карактер, тој победува, ДНК. Харизмата е најдоброто нешто што го има, кога ќе влезе во собата сите го гледаат, сите сакаат да го допрат, сакаат да побараат слика.

-Слично беше и со Роналдињо во Пари Сент Жермен. На овој начин слично и со Деле Али. Кога постигнуваше голови, децата го сакаа како Роналдињо. Децата ја чувствуваат оваа харизма, оваа енергија, а со Деле истото се случи, -рече своевремено Покетино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни