Поврзете се со нас

Англија

Покетино го прекина молкот и покажа класа со првата изјава за заминувањето од Челси (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Челси вчера официјално го потврди Енцо Мареска како нов менаџер на првиот тим и стави крај на шпекулациите кои кружеа во јавноста, а Италијанецот ќе биде петти тренер во етапата на Тод Боли.

По Томас Тухел, Грем Потер, Френк Лампард, на црната листа на американскиот бизнисмен се најде и Маурисио Покетино, кој реши да почека за своето проштално обраќање до клубот се до ова попладне.

Еден ден по потврдата за неговиот наследник, Аргентинецот испрати емотивна порака до сите во клубот, па со својата реакција уште еднаш потврди за каков голем фудбалски џентлмен станува збор.

– Голема благодарност од газдите, до спортските директори за шансата што ни ја дадовте да се вратиме во Премиер лигата во голем клуб како Челси. Благодарам за поддшката која ја добивме од сите играчи и од фановите. Сфативме колку овој клуб е важен за сите вас и затоа дадодвме се од себе да бидете горди.

– Јас сум задоволен од нивото кое го постигна тимот и задоволен сум од играчите и стручниот штаб кој правеше се за да се подигне стандаррдот. Сите заслужуваат пофалба и се надевам дека и вие го почувствувавте истото со начинот на кој играчите се однесуваа на теренот. Знаеме дека имаше подеми и падови, но секогаш верувавме во овој тим и верувавме дека ќе дојдеме до задоволително ниво.

– Верувам дека искуството и големиот напредок кој го видовме, ќе послужи овие играчи да бидат уште подобри во иднина. Беше задоволство да се работи со сите нив и создадовме навистина цврста врска во изминатата година. Ви посакувам се најдобро на сите во сезоната која престои и во блиска иднина, – порача Покетино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни