Поврзете се со нас

Франција

Покетино го повлече Меси кога ПСЖ бркаше победа, реакцијата на напаѓачот го привлече вниманието (ВИДЕО)

Објавено

на

Пари Сен Жермен со доста мака со гол во судиското продолжение ја оствари посакуваната победа над Лион со која го задржа перфектниот учинок во Лига 1.

Покетино го погоди „џокерот“, ПСЖ во последите секунди го скрши отпорот на Лион (ВИДЕО)

Меѓутоа овој триумф дефинитивно ќе остане во прв план, а причината за тоа е чудната одлука на Маурисио Покетино да го повлече Лионел Меси при резултат 1-1 и тоа во моментите кога домаќините бркаа три бода.

Напаѓачот беше заменет во 76 минута и тоа од Ашраф Хакими, потег кој му беше нејасен на Меси кој беше ладен при првиот контакт со Покетино крај аут линијата, а и реакциите на клупата едноставно говорат дека беше незадоволен што го напушти теренот во оваа ситуација.

На крајот може да се каже дека Маурусио е победникот затоа што ПСЖ се избори за славје од 2-1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни