Поврзете се со нас

Франција

Покетино го погоди „џокерот“, ПСЖ во последите секунди го скрши отпорот на Лион (ВИДЕО)

Објавено

на

Фудбалерите на Пари Сен Жермен остварија драматична победа над Лион од 2-1 во вечерашната пресметка во Лига 1.

„Светците“ иако важеа за фаворити се соочија со многу проблеми на оваа средба, средба до која до победата дојдоа во завршните, минути, секунди во судиското продолжение. Имено Лион поведе во 54 минута преку Пакета за да во 66 Нејмар израмни преку пенал кој претходно самиот го изнуди.

Овој резултат беше активен се до 92 минута кога нововлезениот Икарди беше прецизен со глава по одличното додавање на Мбапе за победа и ерупција на „Паркот на принцовите“.

Клубот од француската престолина со ова го задржа 100 процентниот учинок, има шест од шест во Лига 1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни