Поврзете се со нас

Англија

Покетино го крена гласот: Не сум тука за да го правам тоа што го сакаат фановите!

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Челси понуди нов трилер на „Стемфорд Бриџ“ и после многу борба се пласираше во полуфиналето на ФА Купот, а чекираниот билет за „Вембли“ сепак не донесе само позитивни моменти за Маурисио Покетино.

Домашниот тим испушти предност од 2:0 и го решаваше победникот со два гола во судиското продолжение, но пред да дојде до оваа разврска, Покетино беше јавно исвиркан од фановите кога го повлекуваше Мудрик од игра.

Украинецот имаше добар натпревар и навивачите беа незадоволни што е сменет од Чукуемека, но токму резервата на Покетино го постигна голот за 3:2, пред Мадуеке да ги постави конечните 4:2.

– Не сум тука за да го правам тоа што го сакаат фановите. Истовремено, не сум глупав и видов каква беше нивната реакција на измената на Мудрик..

– Го гледав Мудрик и на моменти се тегнеше, заклучивме дека е веќе изморен. Фановите мора да веруваат во одлуките кои ги носиме, мора да веруваат во клубот. Јас сум тука бидејќи клубот има верба во мене, – изјави Покетино кој им се радуваше во лице на дел од навивачите на Челси по голот за 3:2.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни