Англија
Покетино го испофали својот омилен играч во Челси: Тој е бесценет за нас!

Челси се изнакупи безброј фудбалери во изминатите 18 месеци и го промени речиси целиот ростер под водство на Тод Боли, но иако Маурисио Покетино секое коло може да бира од голем број скапи имиња, мора да се признае дека најконстантен фудбалер во неговиот тим е Конор Галагер.
Играчот кој е производ на фудбалската школа на Челси беше пред трансфер во јануари и се предвидуваше дека ќе го напушти „Стемфорд Бриџ“, но Покетино не дозволи такво нешто и тоа беше одлична вест за него.
Галагер беше клучен за Челси на вчерашното гостување кај Кристал Палас и со два гола го комплетираше пресвртот, за на крајот Челси да оствари триумф и од 1:3.
– Конор е играч кој игра со максимална посветеност кон тимот. Секогаш се обидува да компензира и да поправи во секоја ситуација. Тој игра во двата правци, му помага на тимот и во одбрана и во напад. Бесценето е да се има играч како него.
– Тој постојано ми велеше дека сака да остане во Челси и среќен сум што се случи токму тоа. Ќе ја доигра оваа сезона, а потоа има уште една година од договорот. За мене тој е бесценет, останатото е меѓу него и клубот, – изјави Покетино.
-
Англија19 часа
Рашфорд и Асенсио дебитираа, Астон Вила преку Тотенхем до осминафинале во ФА Купот (ВИДЕО)
-
Англија24 часа
Фудбалер на Борнмут ги воодушеви фановите со начинот на кој изведе пенал (Видео)
-
Шпанија16 часа
Барселона ја разби Севилја и се врати во трка за титулата (ВИДЕО)
-
АБА лига23 часа
Голема драма во АБА: Мега искористи напад за победа од една секунда (Видео)
-
Шпанија20 часа
Валенсија оствари победа вредна „шест“ бода (ВИДЕО)
-
АТП6 часа
„Тајмс“: Ѓоковиќ и Мари донесоа конечна одлука за меѓусебната соработка
-
Шпанија21 час
Реал потврди повреда, Анчелоти остана без важен играч за гостувањето кај Сити
-
Италија17 часа
Магичен гол на Екеленкамп, Удинезе му „украде“ бодови на Наполи (ВИДЕО)